Дома Фудбал Италија Жестоки обвинувања пред дербито: Судиите му помагале и ќе му помагаат на Јувентус!

Жестоки обвинувања пред дербито: Судиите му помагале и ќе му помагаат на Јувентус!

glik

Утрешниот ден во Италија го носи и градското дерби помеѓу Торино и Јувентус, натпреварот се игра со почеток во 20:30 часот.

Јасно, Јувентус доминира во Италија и е фаворит во овој натпревар, но „биковите“ кои изгубија шест од последните седум натпревари против лутиот ривал сигурно нема да се предадат. Торино последен пат против „старата дама“ славеше во 2015 година (2:1).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Торино, неговите играчи и навивачите со многу возбуда го исчекуваат овој натпревар и сонуваат за рушење на омразениот ривал. Но, дури и играчите кои некогаш настапувале за Торино понекогаш го најавуваат ова дерби.

Таков е случајот со актуелниот член на Монако и поранешен капитен на Торино Камил Глик.

„Во дресот на Торино играв девет дерби натпревари и само еднаш се радував. Најлоши спомени ми будат натпреварите изгубени во последните секунди кога гол ни даде Пирло, а потоа 11 месеци подоцна и Квардадо. Чуствуваме голем бес. Бевме поразени и разочарани. Меѓутоа кога стигнавме во соблекувалната им кажав на соиграчите да ги кренат главите бидејќи бевме на исто ниво против нив“, изјави Глик кој потоа беше запрашан за судењето во натпреварите.

„За жал, тоа се случуваше, се случува и ќе се случува. Судиите секогаш му помагаат на Јувентус“, одговори Глик.

Глик за Торино настапуваше од 2011 до 2016 година и одигра вкупно 171 натпревар за Торино за кој постигна 13 погодоци. Во 2016 година за 13 милиони евра направи трансфер во Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…