Дома Македонски спорт ЕХФ го суспендираше Драган Начевски, осомничен е за местење натпревари

ЕХФ го суспендираше Драган Начевски, осомничен е за местење натпревари

Денес Европската ракометна федерација ЕХФ го супсендираше поранешниот македонски судија, а сега делегат Драган Начевски кој во минатите години беше прв човек на судиите во Европа.

Суспензијата која ЕХФ ја потврди со официјално соопштение доаѓа по бомбастичната објава на скандинавските медиуми поради наводно местење натпревари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Данската „ТВ2“ објави аудии и видео снимка за дискусија за местење натпревари, а стигнало и обвинување дека Начевски барал од судиите да манипулираат со натпреварите. Во соопштението од Европската ракометна федерација се споменува дека Начевски имал состанок со неименуван бизнисмен во 2020 година.

Бизнисменот го убедувал дека може да донесе кинески тим во СЕГА лигата, на тој состанок се зборувало и за местење натпревари. Во соопштението се додава и искузан на неименуван поранешен судија кој тврдел дека Начевски преку трето лице побарал од него да намести натпревари.

Засега обвинувањата не се потврдени и суспензијата доаѓа за зачувувањето на угледот на ЕХФ додека трае истрагата и обидот за покажување нулта толеранција кон местење натпревари.

Ќе потсетиме, истата ТВ2 на почетокот на оваа година имаше слични обвинувања кон македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, тие обвинувања беа остро демантирани од ЕХФ.

Официјалното соопштение од ЕХФ можете да го прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мајката на Мбапе за неговата иднина: Сите знаете кој ќе биде негов следен клуб

Килијан Мбапе го потврди своето заминување од ПСЖ и за нештго повеќе од еден месец ќе биде…