Дома Фудбал Италија Еуфорија во Милано: Вакво нешто на Интер му се случува за прв пат во историјата!

Еуфорија во Милано: Вакво нешто на Интер му се случува за прв пат во историјата!

Фановите на Интер се во еуфорија поголема од било кога, а последна информација која пристигнува од Милано е доказ за тоа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголем „виновник“ за тоа е Антонио Конте, навивачите очекуваат со него да започне враќањето на победничките патеки. Покрај Конте во овој период со Интер се поврзуваат повеќе големи имиња и навивачите имаат големи очекувања од новата сезона.

Имено, Интер на својата страница објави дека распродадени се сите годишни билети за сезоната 2019/2020 и тоа се продале само неколку часа откако биле пуштени во продажба. Вакво нешто (да се продадат сите билети) се случува за прв пат во историјата на клубот. Од клубот информираат и дека е направена листа на чекање за сезоната 2020/2021.

Точната бројка не е објавена, меѓуоа италијанските медиуми претпоставуваат дека станува збор за околу 30.000 сезонски билети за „Џузепе Меаца“, стадион кој има капацитет од 80.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред М…