Македонската репрезентативка во стрелаштво, Нина Балабан имаше извондрен настап на меѓународниот Гран При турнир во главниот град на Србија, Белград.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Балабан во дисциплината воздушна пушка на 10 метри, во квалификациите два пати го соборуваше сопствениот рекорд, кој воедно е и државен, а во финалето го освои бронзениот медал.
Олимпијката Нина Балабан, првиот натпреварувачки ден испука 414.7 кругови и за 3.7 кругови го подобри рекордот остварен во Минхен минатата година и се пласираше на деветтото место.
На вториот натпреварувачки, Балабан повотрно го собори рекордот со испукани 415.8 кругови кој и обезбеди пласман во финалето. Меѓу најдобрите осум стрелци Балабан заврши на третата позиција со 184 кругови, само 2.9 помалку од првопласираната Вукашиновиќ од Србија.