Taјсон Фјури и Олександар Усик, двајцата најдобри тешкаши во светот, би требало да се борат идната година во Саудиска Арабија.
Најавите се дека борбата би требало да се одржи на 17. февруари, тврди „ЕСПН“.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Победникот од оваа борба би требало да ги обедини сите појаси во тешка категорија.
Фјури го носи ВБЦ појасот, единствениот кој му недостасува на УСИК. Од друга страна со победата против Ентони Џошуа Украинецот ги поседува останатите четири: ВБА, ИБО, ВБО и ИБФ.
Двајцата требаше да влезат во рингот оваа година, меѓутоа борбата беше откажана.