Дома Трансфер зона Дембеле дефинитивно ја напушта Барселона

Дембеле дефинитивно ја напушта Барселона

Фудбалерот на Барселона Oсман Дембеле дефинитивно ја одбил понудата за продолжување на договорот со каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челниците на Барселона повеќе не сакаат да преговараат со францускиот фудбалер околу продолжување на соработката, а како што пренесува „Мундо депортиво“, кариерата на Дембеле во каталонскиот клуб е завршена.

Дембеле пристигна во Барса во 2017 година од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра, а сега ќе замине како слободен агент.

Французинот преговара со ПСЖ и Челзи, па медиумите тврдат дека ќе ја продолжи кариерата во еден од овие два клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…