Дома Офсајд Дали Португалецот претера? Накитот на левата рака на Роналдо вреден 740.000 евра

Дали Португалецот претера? Накитот на левата рака на Роналдо вреден 740.000 евра

Кристијано Роналдо со години е еден од најплатените спортисти во светот, а со дел од своето богатство се пофали во Дубаи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На церемонијата за доделување на наградите „Глобус фудбал“, Роналдо беше награден со наградата за најдобар играч на светот во 2019 година, а во таа прилика на левата рака носеше накит вреден 740.000 евра.

Реткиот модел на Rolecx GMT-Master Ice е вреден дури 445,000 евра. Тој е еден од најскапите модели на овој производител на часовници. Вклучува 18-каратно бело злато и стотици 30-каратни дијаманти.

Инаку, ова не е најскапиот часовник во колекцијата на Роналдо, бидејќи тој е сопственик и на „Франк Мулер“, вреден повеќе од 1,3 милиони евра.

Исто така, на левата рака носеше два прстени во вредност од околу 290,000 евра. Свесно или не, Португалецот се позиционираше на столот така што неговиот скапоцен накит излезе на виделина.

Според „Форбс“, Роналдо е најплатениот спортист на деценијата. Во изминатите десет години, играчот на Јувентус од договори заработил дури 800 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Фудбалерите на Вардар ќе поделат премија од 250.000 евра!

Откако и официјално ја обезбеди шампионската титула, ФК Вардар повторно се искачи на врвот…