Дома Трансфер зона Големи промени во Баерн: Сигурно заминуваат петмина

Големи промени во Баерн: Сигурно заминуваат петмина

После одличната сезона која за Баерн и уште не е завршена, германскиот шампион изгледа ќе направи големи промени.

Баерн ја освои Бундеслигата и Купот на Германија и се уште дел од Лигата на шампионите каде што осминафиналето има предност од 3:0 против Челзи од првиот натпревар. Со оглед на тоа каква игра прикажа Баерн не е исклучена можноста да дојдат до самиот крај.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познато е дека Лерој Сане ќе биде во нивните реови наредната сезона, но исто така и дека петмина ќе го напуштат клубот. Се уште не е официјално но се шпекулира дека Баерн нема да го откупи договорот на Иван Перишиќ кој е позајмен од Интер.

Исто така Алваро Одраизола ќе се врати во Мадрид после само половина година, додека Фелипе Кутињо ќе биде член на Барселона, односно се враќа од позајмивата. Сепак, тешко е да се очекува дека Каталонците ќе го задржат.

Покрај набројаните тројца извесно е дека клубот ќе го напуштат долгогодишните членови и ветерани голманот Свен Улреих и шпанскиот играч за врска Хави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…