Англиските медиуми пренесуваат дека во тек е голема полициска акција во Лондон, Монако и Брисел поради сомнеж дека се испрани пари во трансферот на српскиот напаѓач, Александар Митровиќ во Њукасл.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Митровиќ во 2015 се пресели на Сент Џејмс Парк во зделка вредна околу 18,5 милиони евра, но неодамна беше отворена истрага поради сомнителни активности и во април беше извршен претрес во канцелариите на Андерлехт и Фудбалската федерација на Белгија.
Утрово имало нови претреси на седум локации во Белгија, Монако и Лондон и биле уапсени две лица поради перење пари и корупција. Во акцијата се уапсени еден менаџер и неговиот асистент, но се уште не се споменуваат имињата.
Кога трансферот се реализираше пред четири години, медиумите шпекулираа дека за богатата зделка помогнале познатите агенти Пини Захави и Фали Рамадани, кој по потекло е од Македонија.
Засега, обвинителите не откриват дали овој случај е поврзан со минатогодинешниот скандал кој избувна во Белгија но и во Источна Европа кога полицијата изврши 57 претреси и уапси неколку лица поради сомневање за перење пари и местење натпревари.
#BREAKING: Investigators launch football transfer fraud raids in Belgium, Monaco, and London. Two arrested, say prosecutors pic.twitter.com/1MbhKkddUy
— AFP Sport (@AFP_Sport) September 11, 2019