Дома Македонски спорт Георгиевски: Кога Македонија ја победи Грузија ја разбудив сопругата во 5:30 сабајле

Георгиевски: Кога Македонија ја победи Грузија ја разбудив сопругата во 5:30 сабајле

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Даниел Георгиевски националниот дрес го носеше на 22 натпревари во периодот од 2011 до 2015 година, денес е во Австралија, а раскажа како ја доживеал победата на Македонија против Грузија.

Георгиевски настапува за Мелбурн Сити, во кариерата играше и за Стеауа. На медиумите во Австралија тој им зборуваше за големиот успех на македонската репрезентација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За многу работи во животот не покажувам емоции, такво нешто е навистина реткост кај мене, но натпреварот со Грузија беше нешто посебно. Беше 5:30 часот наутро, а јас почнав да викам толку гласно што ја разбудив мојата сопруга. Претходно никогаш не сум направил такво нешто затоа што по природа сум мирен кога гледам фудбал“.

Дел од репрезентацијата Георгиевски беше четири години.

„Навистина се чувствувам како да сум дел од оваа репрезентација. Со многу момци од денешниот тим поминав многу време, донесеоа голема радост за цела Македонија. Таа радост не може да се опише. Да бидам искрен мислев дека никогаш нема да ја гледам Македонија на Европско, меѓутоа сега имаме одлични момци кои го заслужуваат овој успех“, изјави Георгиевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…