Дома Фудбал Англија Гвардиола со оваа изјава ги израдува „топџиите“!

Гвардиола со оваа изјава ги израдува „топџиите“!

Менаџерот на Манчестер, Пеп Гвардиола после вчерашното реми против Кристал Палас (0:0), тврди дека првенството се уште не е завршено.

„Граѓаните“ во Лондон одиграа само реми 0:0 и така ја прекинаа фантастичната низа од 18 победи во низа, а во самиот финиш голманот Едерсон ги спаси од пенал одбранувајќи пенал.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Кристал Палас е добар тим. Имавме проблеми во овој натпревар, а во второто полувреме бевме подобар противник. Не се откажувавме, но Палас играше цврсто и се бореше. На крајот Едерсон не спаси од пораз. Веќе во вторник не очекува нов натпревар, а неколку пати истакнав дека не очекува долг пат и дека во фудбалот во секој момент може да се случи чудно“, изјави Гвардиола после натпреварот.

Потоа Гвардиола зборуваше за евентуалното доведување и ситуацијата со Алексис Санчез.

„Кога во прашање е Алексис Санчез, тој е фудбалер на Арсенал и мислам дека таму ќе остане. После натпреварот во вторник ќе одржиме состанок поврзан за трансфер периодот, но моето чуство е дека Алексис ќе остане во Лондон“, призна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…