Дома Топ вести Гвардиола сака „пеколен“ тандем Меси – Халанд

Гвардиола сака „пеколен“ тандем Меси – Халанд

Сопствениците на Манчестер Сити имаат план како на лето значително да го засилат нападот на тимот.

Оваа сезона Гвардиола има големи проблеми со нападот бидејќи Агуеро е постојано повреден, а Габриел Жесус не е во форма.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планот за следната сезона е на „Етихад“ да се формира „пеколен тандем“, Меси – Халанд.

Од поодамна е познато дека Сити е во напредни преговори со Лионел Меси, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а токму „граѓаните“ се фаворити за неговиот потпис поради Гвардиола.

Кога станува збор за Ерлинг Халанд, тој е голема желба на многу европски гиганти, но Сити има силен адут.

Стануав збор за клаузула вклучена во договорот помеѓу Сити и Дортмунд за Џејдон Санчо. Имено, според клаузулата „граѓаните“ треда да добијат 15% од следната продажба на Англичанецот.

Борусија го цени Санчо на 120 милиони евра, и нема шанси да продаде за помала сума, а тоа значи дека Сити ќе добие околу 15 милиони фунти. Од „Етихад“ се спремни да се откажат или да ја намалат оваа сума, но да добијат предност во преговорите за Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…