Дома Фудбал Англија Гвардиола: Знам дека сите сакате Ливерпул да биде шампион

Гвардиола: Знам дека сите сакате Ливерпул да биде шампион

Стретегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде интересна изјава после вчерашната победа на неговиот тим против Лестер на домашен терен од 1:0.

Со тој триумф „граѓаните“ скоро и да ја обезбедија новата титула шампион на Англија бидејќи на едно коло пред крајот имаат бод предност во однос на Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварот Гвардиола на присутните новинари им порача дека е свесен за тоа дека сите би сакале Ливерпул да биде шампион.

„Знам дека сите сакате Ливерпул да биде шампион. Но, жал ми е што се е во наши раце. Ливерпул во последното коло може да игра без притисок бидејќи не одлучуваат за себе“, изјави Пеп, а потоа зборуваше за последниот натпревар против Брајтон.

„Ќе биде страшно тешко во Брајтон бидејќи тоа е добар тим, но ние не се откажавме и кога заостанувавме седум бода сигурно нема да сега да се откажеме. Против Лестер игравме одлично. Жал ми е, но бевме така добри“, додаде Шпанецот.

Манчестер Сити има прилика да ја одбрани титулата шапион на АНглија и по шести пат во својата историја да ја освои англиската Премиер лига. Натпреварот помеѓу Брајтон и Сити се игра во недела во 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…