Адријано Галиани долги години беше на чело на Милан и важи за главен архитект на сите успеси на „росонерите“.
Галиани како трансфер гуру на Милан стана еден од најпознатите и најдобрите спортски директори во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој во Милан донесе многу големи ѕвезди, беше вешт преговарач, но признава дека направил неколку грешки за кои се уште жали.
„Жалам за два моменти. Еден е Тевез, го паметам и датумот беше 12 јануари 2012 година. Трансферот беше договорен и добро е познато зошто пропадна. Неговото доаѓање можеше да ја промени историјата на Милан“.
„Другиот се продажбата на Ибрахимовиќ и Тиаго Силва. По осум години еден е пак во Милан, другиот ќе игра за Челзи. Тие беа најважните играчи на ПСЖ во последните години“, изјави Галиани.