Дома Фудбал Англија Вчера му даде гол на Јунајтед, денес полага тест на училиште!

Вчера му даде гол на Јунајтед, денес полага тест на училиште!

Синоќа се играа натпреварите од 1/16 финалето од англискиот Лига Куп, а Манчестер Јунајтед го пречека третолигашот Рочдајл.

„Црвените ѓаволи“ едвај се пласираа во следната фаза, после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел беше 1:1. Поведоа домаќините преку Гринвуд во 63-та, но 16-годишниот Лук Матесон во 76-та минута донесе изедначување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матесон денес е главна тема на сите медиуми на Островот, но тој нема да може многу да ужива во „славата“ бидејќи полага тест по психологија на школо. Имено, тестот требало да биде вчера, но бидејќи тој не можел да се појави поради мечот, ќе го полага денес.

„Да, денес ме ослободија, но утре сабајле одам да полагам. Нема да заспијам цела ноќ. Рочдејл и школото ми пружаат многу поддршка. Сакам да учам: тоа е тоа што навистина го сакам. Фудбалот не е гаранција. Никогаш не знаеш што може да се случи. Можеш да бидеш најдобар играч на светот, но се е можно. Сакам да имам добро образование за секој случај“, изјави Матесон.

Во школо му оди одлично, а најдобри оценки имал по историја (9), хемија (8), физика (8) и англиски (7).

Матесон веќе подолго време го следат скаути на најголемите англиски клубови, па неговиот гол на „Олд Трафорд“ може само да го забрза неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…