Дома Топ вести Во Челзи не седат со „скрстени раце“: Ако Азар замине тргнуваат по засилување од Барселона!

Во Челзи не седат со „скрстени раце“: Ако Азар замине тргнуваат по засилување од Барселона!

Како што изминува времето се појасно станува дека Еден Азар ќе го напупшти Челзи и ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Азар во текот на вчерашниот ден откри дека донел одлука за неговата иднина, но не ја соопшти во јавноста, а се наведува на тоа дека од лето ќе го гледаме во дресот на „кралевите“.

Во Челзи не седат со „скрстени раце“ и веќе ги разгледуваат опциите за негова замена.

Денес на Островот се појави вест дека Челзи како наследник на Азар во тимот го сака Фелипе Кутињо од Барселона.

Кутињо не е баш во најдобра форма и редовно добива критики од шпанските медиуми, а во последниот ден од преодниот рок се појави вест дека управата на Каталонците дала зелено светло за негово заминување.

Бразилецот се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, сепак конкретни чекори не видовме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…