Дома Македонски спорт Во Скопје ќе се одржи уште едно Европско првенство

Во Скопје ќе се одржи уште едно Европско првенство

Во јануари 2024 година Пингпонгарска Федерација на Северна Македонија ќе организира Европски шампионат во категорија до 21 година. Со тоа, Скопје е повторно домаќин на првенство од највисок ранг, по одржувањето на турнирот од светските серии WTT Youth Star Contender Skopje 2023.

Претседателот на Федерацијата Горан Тиловски е во Малме Шведска на годишен конгрес на Европската пинг понг фдерација(ЕТТУ), каде што се одржува и Европското тимско првенство, на која се потпиша договор за организација на Европскиот шампионат во Скопје.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ова е прв шампионат од вакви размери кој се организира во Македонија

При посетата претседателот Тиловски се сретна со претставници на ЕТТУ со кои разговараше за самата организација на првенството. Тиловски имаше и неколку средби со претставници на Светската федерација.

На самиот почеток на 2024 Скопје ќе биде домаќин на најдобрите европски пинг понгари до 21 година

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…