Дома Фудбал Срамота: Тренер во Италија удираше и шамараше девојка од 17 години

Срамота: Тренер во Италија удираше и шамараше девојка од 17 години

Во неделата од Италија доаѓа многу вознемирувачка и грда вест. На натпревар од аматерската лига за младинци, тренерот на Ѓованету од Сарока неколку пати ја удри помошната судијка – девојка од 17 години!

Натпреварот помеѓу Нуова Ла Сале и Ѓованету Сарока се одигра на 28 февруари во Сардинија како дел од аматерската лига за играчи до 17 години.

Една од помошните судии била девојка од 17 години и неа физички ја нападна гостинскиот тренер, маж од околу 50 години.

Сè започна кога беше досуден аут за домашниот тим. Гостинскиот тренер прво ја навредуваше линиската судијка, а кога беше исклучен, повторно се врати на теренот и, како што се наведува, три пати ја удри девојката со шамар, а потоа ја удри и со тупаница.

Случајот, секако, веднаш стигна пред надлежните органи и тренерот доби суспензија на пет години.

„Неприфатливо е да се толерира насилство кон судиите, особено кога жртвите се млади судии. Судиската организација на Италија бара ваквите случаи да се казнуваат најсилно и во целата фудбалска организација да се заземе јасен став – насилството нема место на нашите терени.

Насилството кон официјалните лица на натпреварот е срамотно и директно ги крши принципите на почит и фер-плеј, кои се основа на спортот.

Пример треба да поставуваат оние кои се на одговорни позиции – тренерите, менаџерите, родителите и навивачите. Тие кои во спортот имаат улога на учители и едукатори мора да носат морална и човечка одговорност за да ги усвојат овие принципи сите.

Стоиме солидарно со нашата млада колешка на која и испраќаме поддршка и разбирање“, велат од Судиската организација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …