Дома Фудбал Манчестер Јунајтед со изненадувачка трансферна цел за летото

Манчестер Јунајтед со изненадувачка трансферна цел за летото

Напаѓачот на Борнмут, Маркус Тарнир, е на листата на Манчестер Јунајтед како потенцијална трансферна цел за левата страна на нападот, објавува “Дејли Мејл”.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Минатата недела привремениот тренер на „црвените ѓаволи“, Мајкл Карик, потврди дека тимот треба да се засили во оваа зона. Ѕвездата на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, и големиот талент на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, исто така се на листата, но тие би биле прилично поскапи варијанти, а интересот за нив ќе биде поголем.

Тарнир има добра сезона и веќе има шест голови и пет асистенции досега во кампањата. Тој има договор со Борнмут до 2029 година, а неговата цена е околу 40 милиони фунти. Интерес за него покажуваат и Астон Вила и Нотингем Форест.

“Мејл” додава дека покрај левото крило, летово Манчестер Јунајтед сака да ангажира двајца централени играчи за врска, исто така лев бек и евентуално уште еден централниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…