Дома Фудбал Готово – Бернардо Силва е премија за летото!

Готово – Бернардо Силва е премија за летото!

Португалскиот играч за врска Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, јавува инсајдерот Матео Морето.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Низ годините многупати се говореше за неговото можно заминување од клубот и најчесто се поврзуваше со Барселона. Беше близу да премине и во времето кога Чави Ернандес беше на клупата на Каталонците, но тоа тогаш не се случи, како ни потоа иако клубот од „Ноу Камп“ и Португалецот беа во контакт.

После речиси декада и речиси 500 натпревари во дресот на Манчестер Сити, тој како слободен играч ќе го напушти „Етихад“ и така веќе сега ќе стане некој околу кого ќе се натпреваруваат многу екипи. Сè уште е играч кој може многу да даде. Во август ќе наполни 32 години и во лига со помал интензитет од англиската дефинитивно ќе биде импозантно засилување.

Конкретно, Шпанија или Италија се најверојатните дестинации. Барселона не смее да се отпише, но во последно време се споменува и Јувентус. Нивната пречка е платата затоа што не се подготвени да понудат над 6.000.000 евра по сезона. Секако, има уште неколку опции во игра, па дури и Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд со три збора го искоментира чудото на ПСЖ и Баерн

На првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ на „Паркот на принцовите“ успеа…