Дома Фудбал Италија Во Серија А ќе може да играат само вакцинирани фудбалери

Во Серија А ќе може да играат само вакцинирани фудбалери

Mинистерството за здравство на Италија потврди дека невакцинираните фудбалери нема да може да се натпревараат од 2. јануари 2022 година. Со ова се отвара прашањето што ќе биде со странските спортисти кои играат во Италија.

Одлучено е капацитетот на стадионите да се намали од 75% на 50% и носењето маска на трибините да биде обврска. Освен тоа на трибините ќе можат да присуствуваат само вакцинирани лица или оние кои го прележале вирусот. Новите правила значат дека фудбалерите кои немаат примено две дози вакцина или не го прележале вирусот нема да може да учествуваат во натпреварите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Исто така на невакцинираните повеќе нема да им биде од корист и негативен тест не постар од 48 часа.

„Пандемијата е многу динамична и не можеме да дозволиме да ни пропадне целиот труд кој го вложивме во претходните две години. Мораме да повлечеме јасна линија меѓу вакцинираните и оние кои се против тоа. Не смееме да заборавиме дека осум од десет луѓе кои се на интезивна нега се невакцинирани“, изјави италијанскиот министер за здравство, Андреа Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …