Дома Македонски спорт Во Прилеп одржан предновогодишен џудо турнир

Во Прилеп одржан предновогодишен џудо турнир

На 24.12.2021 во спортската сала на ООУ Кочо Рацин Прилеп во организација на Џудо Клуб Сеишин-Прилеп се одржа Предновогодишен Турнир во Џудо за најмладите категории џудисти (почетници,деца,помлади пионери и пионери). На овој турнир настапија натпреварувачи од Прилепските клубови САНКАКУ, ПРИЛЕП и организаторот СЕИШИН со околу 70 натпреварувачи.

Настанот беше збогатен и со ПРИСУСТВО и ПРЕЗЕНТАЦИЈА на Џудо Техники од страна на 10 тината  ЏУДО ВЕТЕРАНИ кои активно тренираат и партиципираат во клубот со цел да ги стимулираат младите џудисти.    
ЗА сите натпреварувачи организаторот обезбеди богат фонд на награди при што сите се здобија со ДИПЛОМИ ЗА УЧЕСТВО а победниците покрај ДИПЛОМИ добија и МЕДАЛИ 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На овој настан согласно сумираните резултати за натпреварувачката 2021 година,  џудо клубот СЕИШИН-Прилеп ги прогласи и НАЈУСПЕШНИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ од своите редови по возрасни категории кои исто така се здобија со посебни награди. 

ЛИСТА НА НАЈУСПЕШНИ на НИВО  на КЛУБ за 2021 година: 

1.Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионери-2021 (Немања Џагадуроски) и (Благојче Мантароски) 

2. Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионерки-2021 (Тамара Илиоска) 

3. Најуспешен натпреварувач- категорија  пионери-2021( Борис Џагадуроски) 

4. Најуспешен натпреварувач- категорија пионерки-2021(Елеонора Илиоска)

5. Најуспешен натпреварувач- категорија кадети-2021(Никола Магдески)

6. Најуспешен натпреварувач – категорија кадетки-2021(Мартина Јанкоска)

7. Најуспешен натпреварувач-категорија јуниори-2021(Антонио Талески)

8. Најуспешен натпреварувач-категорија јуниорки-2021(Теодора Димеска) 

9. Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениори-2021(Јован Најдоски) 

10. Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениорки-2021(Марија Талеска)

11. Најуспешен натпреварувач-категорија сениори-2021 (Марко Тодорчески) 

12. Најуспешен натпреварувач-категорија сениорки-2021 (Александра Најдоска)
13. Најуспешен натпреварувач на ниво на клуб севкупна конкуренција за 2021 година  (ТЕОДОРА ДИМЕСКА)

Покрај натпреварувачите  клубот СЕИШИН награди и дел од своите млади стручни (кандидати мајстори) кадри кои работат во тренажниот процес  за посебен придонес и успех во тренажниот процес во 2021 г. со млади категории џудисти за:

– Марио Тошески- Марио Цинцароски- Бојан Синадиноски

Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп на овој настан додели и Благодарници за посебен придонес, поддршка и популаризација на џудо спортот на останати правни и физички лица.  На овој настан клубот организатор беше почестен со присуството на Градоначалникот на општина Прилеп Г-ин Борче Јовчески (кој во еден изминат период беше и официјален лекар на Натпреварите кои ги организираше клубот) и во оваа прилика му беше  доделена ПЛАКЕТА за ПОДДРШКАТА и РАЗВОЈОТ НА ЏУДО СПОРТОТ.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…