Дома Трансфер зона Високите барања на Атлетико го стопираат трансферот на Феликс

Високите барања на Атлетико го стопираат трансферот на Феликс

Раководството на Атлетико Мадрид е спремно да се раздели со Жоао Феликс уште во јануари и веќе му поставил цена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Јорганџиите“ за слободата на Португалецот бараат 140 милиони евра, што е повеќе од сумата која ја платија за него во 2019 година од 127 милиони евра.

Со оглед на фактот дека ниту еден клуб не е спремен да ја плати оваа сума за Португалецот, се шпекулираше дека може да се пресели на позајмица во Премиер лигата.

Меѓутоа, Атлетико побарал 13 милиони фунти за шестмесечна позајмица, сума која никој од заинтересираните клубови не е спремен да ја плати.

На тоа треба да се додаде 5,3 милиони евра, која евентуалниот тим кој ќе го земе треба да ја даде за плата на Феликс.

Поради овие високи барања трансферот на Феликс во јануари е скоро невозможен, иако интерес за него покажуваат Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…