Дома Останати Кошарка ВИДЕО: На 48 секунди до крајот губеа со 8 разлика – дали ова е најлудиот пресврт во кошарката?

ВИДЕО: На 48 секунди до крајот губеа со 8 разлика – дали ова е најлудиот пресврт во кошарката?

presvrt

Кошаркарите на Фуенлабраде направија неверојатен пресврт во натпреварот против Бамберг.

Тимот од Шпанија губеше со осум поени разлика на 48 секунди до крајот и во тој краток период успеаа да го свртат резултатот во своја корист.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Фуенлабраде во тој период успеаа да постигнат 15 поени, а она што е најлудо последните три поени ги постигнаа со тројка со звукот на сирената.

Јан О’Лири му даде надеж на шпанскиот состав на 48 секунди до крајот кога погоди тројка и намали на – 5.

Фуенлабраде мораше да прави прекршок, па на линијата за слободни фрлања го испратија Тајрис Рајс кој погоди едно за 83:77. Во наредниот напад Томас Бејлас за гостите постигнува поени под прекршок, слободното фрлање го реализираше и на семафото во тој момент стоеше 83:80.

Рајс на 26 секунди до истекот на времето погоди слободно фрлање, Кристијан Ејенга неколку секунди подоцна уфрли тројка , 85:83. Следуваше луда завршница, а на две секунди до крајот видовме спектакуларна тројка на Франсис Крус за конечни 85:86.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хрватот Хезоња збесна и сочно го пцуеше словенечкиот судија 🎥

Кошаркарите на Реал Мадрид вчера ја победија Басконија со 101:90 и поведоа со 2:0 во четвр…