Дома Македонски спорт Видео: Македонци низ светот – Трајковски ја „искина мрежата“, Алиоски асистент, прецизни и во Србија, Кипар и Холандија!

Видео: Македонци низ светот – Трајковски ја „искина мрежата“, Алиоски асистент, прецизни и во Србија, Кипар и Холандија!

makedonci

Илија Несторовски се уште е надвор од тимот на Палермо поради повреда, но затоа тука беше Александар Трајковски кој беше стрелец на одличен погодок во натпреварот против Бари во кој одигра 90 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Eгзијан Алиоски oдигра 90 минути, заработи жолт картон и беше асистент за вториот погодок Лидс кој запиша победа од 1:3 против тимот на Квинс Парк Ренџерс.

Енис Барди одигра 90 минути во поразот на Леванте од Атлетик Билбао.

Адис Јаховиќ одигра 82 минути во победата на Гозетепе од 2:3 против Јени Малатајспор.

Eлиф Елмас во тимот на Фенербахче сеуште е надвор терените поради повреда.

Стефан Спировски одигра 90 минути и заработи жолт картон во победата на Френцварош од 0:2 против Васас. Во тимот на Васас не беше повикан Кире Ристиески.

Горан Пандев со својата Џенова натпреварот од италијанската Серија А го игра во вторник против Аталанта.

Стефан Ристовски не беше во тимот на Спортинг во натпреварот во кој овој тим славеше победа од 1:3 над Боависта.

Столе Димитриевски со својот Гимнастик во втората шпанска лига запишаа победа од 2:1 против тимот на Севиља Б, нашиот чувар на мрежата одигра 90 минути.

Aлександар Дамчевски одигра 90 минути во поразот на Ермис против Доха и заработи жолт картон.

Гојко Зајков беше во составот на белгиски Чарлерои, но натпреварот го помина на клупата за резерви. Неговиот тим запиша пораз од 1:3 на гостувањето против Андерлехт.

Јован Костовски не беше во составот на Леувен кој загуби минимално од Вестерло со 1:0.

Крсте Велковски одигра 83 минути во победата на Сарево над Витез.

Александар Лазевски одигра 69 минути во поразот на Слобода од НК Гошк со 2:0.

Mирко Ивановски во тимот на Славен Белупо одигра 90 минути во натпреварот во кој неговиот тим загуби од Ријека со 2:0. Во редовите на Ријека, Леонард Жута не беше во составот.

Арјан Адеми одигра 90 минути во тимот на Динамо Загреб во убедливата победа над НК Истра од 5:1. Во тимот на Истра Ристо Митревски и Томе Китановски не беа во составот.

Mузафер Ејупи во победата од 3:0 на неговиот Осијек против Рудеш во игра влезе во 73 минута, во редовите на Рудеш Самир Фазли одигра 53 минути.

Арменд Далипи не беше во составот на Цибала кој загуби од Интер Запрешиќ со 3:2.

Во победата на АЕК Ларанка, Иван Тричковски одигра 90 минути и беше стрелец на победничкиот гол за 1:2 против Олимпијакос Никозија, додека Даниел Мојсов не беше во составот.

Един Нурединовски и Влатко Дробаров одиграа 90 минути во поразот на АРИС Лимасол од 2:0 против Неа Саламина.

Во ремито 0:0 помеѓу Папос и Еникос, за гостинскиот тим настапија Мартин Богатинов и Мите Цикарски. Богатинов одигра 90 минути и заработи жолт картон, додека Цикарски беше заменет на полувремето.

АЕЛ Лимасол за кој настапува Давор Здравковски својот натпревар го игра денес со почеток од 18:00 против тимот на АПОЕЛ.

Бојан Најденов не беше во составот на Смоуха кој славеше со 0:3 против АЛ – Моколон.

Виктор Ангелов беше во составот на Ујпест кој загуби со 2:1 на гостувањето против Пушкаш, но не доби шанса за настап.

Дејан Трајкоски беше во составот на Твенете кој загуби со 3:2 од тимот на Ден Хаг, но не доби шанса за настап.

Денис Мухамедов и Антонио Станков одиграа 90 минути во поразот на Дордрехт од 2:4 во натпреварот против МВВ. Мухамедов заработи и жолт картон.

Стефан Ашковски одигра 90 минути и беше стрелец во победата од 6:0 на Фортуна над РКС Вајквик.

Aлександар Тодоровски беше во составот на Заглебие во ремито од 3:3 против Погон Шчеснеин, но не доби шанса за настап.

Милован Петровиќ со својот Сепси ОСК денес со почеток во 15:00 часот го игра натпреварот од романската лига против ЦСМ Политехника.

Во составот на Јавор кој славеше победа од 0:3 против Војводина, настапија Алекса Амановиќ и Филип Ристовски. Амановиќ одигра 90 минути беше и стрелец на вториот гол за Јавор во 53 минута, додека Ристовски беше заменет во 80 минута од средбата. Во тимот на Војводина Дарко Аврамовски во игра влезе во 65 минута од средбата.

Спаратк Суботица каде што настапува Емил Абаз запиша од 2:3 над Воздоваз. Абаз во игра влезе во 73 минута од натпреварот.

Петар Крстиќ не беше во составот на Раднички кој славеше победа над Чукарички од 1:0.

Бојан Ѓоргиевски не беше во составот на Мачва кој запиша пораз на гостувањето против Рад.

Дестан Хаџиџи не беше во составот на Борац кој загуби во натпреварот против Црвена Звезда со 3:0.

Tихомир Костадинов не беше во состабот на Ружемборк кој загуби со 0:1 до тимот на Слован Братислава.

Дејан Стојановиќ беше во составот на Сент Гален кој загуби на гостувањето против фаворитот Базел, но не доби шанса за настап.

Натпреварот на Домжале каде што настапуваат Агим Ибраими и Зени Хусманов беше одложен, како и натпреварот на СДЏ Путен каде што настапува Кенан Мухмадов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…