Дома Трансфер зона Вест на денот од Шпанија: Меси се согласил на нов договор!

Вест на денот од Шпанија: Меси се согласил на нов договор!

Шпанските медиуми предмалку објавија дека Лионел Меси донел одлука за својата иднина.

Меси минатото лето беше разочаран од резултатите на каталонскиот клуб, но и потезите кои ги направи тогашниот претседател Хозе Марија Бартомеу и поднесе барање да го раскине договорот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинецот бараше од Барселона спогодбено да го раскине договорот и да си замине без оштетан. Сепак, Барса тоа не го дозволи. Меси остана, а договорот му завршува ова лето кога ќе може да си замине како слободен играч.

Меѓутоа ситуацијата се промени кога Бартомеу одлучи да си поднесе оставка после силните критики. На претседателските избори одржани минатиот месе победи Лапорта кој така после девет години се врати во клубот и им вети на навивачите дека ќе даде се од себе да го убеди Меси да остане.

Шпанските медиуми објавија денес дека Лапорта успеал во неговата намера и го убедил Меси да ја продолжи соработката. Новинарот на „ЕСПН“ Кристијан Мартин објави денес дека Барса и Меси постигнале договор за продолжување на соработката.

Се наведува дека Меси на лето сигурно ќе го продолжи договорот и ќе остане со клубот до летото 2023 година.

Исто така, новинарот најави и ангажирање на Серхио Агуеро на кого му завршува договорот со Манчестер Сити и беше потврдено дека нема да има продолжување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…