Репрезентацијата на Македонија денес ќе игра натпревар против Романија со кој ќе ги започнеме квалификациите во Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Против Романија низ историјата сме одиграле пет натпревари и на четири од нив сме биле поразени, победивме само еднаш и тоа на последниот во 2010 година.
Тој натпревар во 2010 година беше од пријателски карактер, а го реши дефанзивецот Ванче Шиков со гол после еден корнер. Токму Шиков денес за Спортски.мк го даде своето мислење за натпреварот кој следи.
„Искрено мислам дека шансите се 50/50, сите знаеме дека имаме одлична репрезентација предводена од вистински лидер во секоја смисла на зборот. Очекувам позитивен резултат и добар почеток на квалификациите“, ни изјави Шиков.
РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:1 (2010)