Дома Фудбал Валверде откри кога ќе се врати Меси на терените!

Валверде откри кога ќе се врати Меси на терените!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде предупреди дека не треба да биде потценет тимот на Рајо Валекано на кого Каталонците му гостуваат викендов.

Валверде потенцираше дека тимот ја научил лекцијата против Леганес и дека трите бода против Валекано се од огромна важност.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Против Рајо Валекано може да ни се случи тоа што го искусивме против Легандес. Се надевам дека веќе ја научивме лекцијата. Трите бода се еднакви против секој противник, било да е победа против Реал, Севиља или Рајо“, истакна Валверде.

Лионел Меси ги обнови тренинзите, но тренерот сепак истакна дека нема да брзо со негово враќање на терените.

„Лео ги обнови тренинзите за да биде во оптимална форма, но ќе почекаме уште една, две недели со враќањето на терените. Загрижени сме поради повредата и сакаме целосно да се опорави. Засега се оди според планот“, истакна тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…