Дома Фудбал Останато Вака се сака својот клуб: Компани со неверојатен гест го спасува Андерлехт од колапс!

Вака се сака својот клуб: Компани со неверојатен гест го спасува Андерлехт од колапс!

Пандемијата од новиот коронавирус му направи сериозни проблеми на белгиски Андерлехт.

Големиот Андерлехт поминува низ големи финансиски загуби, се споменуваше дури и банкрот, нешто што и се случи на Жилина од Словачка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клубот се одлучи да ги намали платите на играчите и сите трошоци каде што тоа е можно, но играчите на белгискиот тим не се среќни поради. Фудбалерите не прифаќаат да им се намалат месечните примања.

Искусниот Винстент Компани кој во Андерлехт е во улога на тренер и играч одлучи на соиграчите да им го исплати износот кој клубот им го скратил.

Компани со години играше во Манчестер Сити, а во Андерлехт дојде минатото лето и сега сака да го спаси клубот од тешката ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Емерик Лапорт се сели во Серија А

Емерик Лапорт пред две години го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи …