Баерн Минхен потврди дека Винсент Компани е нов тренер и дека ставил потпис на договор со Баварците до 30 јуни 2027 година.
За прв пат по 12 години, славниот клуб од Минхен не освои ниту еден трофеј во сезоната, па сераздели со тренерот Томас Тухел.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
38-годишниот Компани до сега ги водеше Андерлехт и Барнли, а во европскиот гигант доаѓа откако со испадна од Премиер лигата.
„Се радувам на предизвикот во Баерн. За мене е голема чест што го претставувам овој клуб – Баерн е институција на светскиот фудбал“, изјави Компани.
Vincent Kompany is the new head coach of FC Bayern, putting pen to paper on a deal until 2027 🔴⚪#MiaSanMia pic.twitter.com/XHQs4mmOUw
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) May 29, 2024