Дома Фудбал Германија Компани откри како ќе изглеа Баерн: Едноставно е, храбро и агресивно

Компани откри како ќе изглеа Баерн: Едноставно е, храбро и агресивно

Баерн Минхен потврди дека Винсент Компани е нов тренер и дека ставил потпис на договор со Баварците до 30 јуни 2027 година.

За прв пат по 12 години, славниот клуб од Минхен не освои ниту еден трофеј во сезоната,  па сераздели со тренерот Томас Тухел.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес Компани се претстави пред новинарите и откри како ќе изгледа неговиот Баерн.

„Сакам играчите на Баерн да бидат храбри на топка, да имаат свој карактер. Тимот мора секогаш да биде агресивен, да ги поседува тие две работи. Се надевам дека тој спој ќе не краси во секоја минута од натпреварите, секогаш“.

„Според тоа како тренирате, таква личност сте. Да бидете тренер ви ја одзема секоја секунда од денот. Растев по улиците на Брисел, бев во академијата на Андерлехт каде што од шестата година ве учат дека мора да освоите се“, изјави Компани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фонсека незадоволен од тимот: Ако треба и младинците ќе играат

Милан со многу среќа ја совлада Црвена Звезда и дојде до добра позиција кога е во прашање …