Баерн Минхен на неверојатен начин ја започна сезоната во Лигата на шампионите со победа од 9:2 против Динамо Загреб.
Но, таа голема победа имаше и една „црна дамка“ на која како и да се заборави во целата еуфорија. Имено, првиот голман на гигантот од Минхен, Мануел Ноер на полувремето остана во соблекуваалната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ноер се повреди при еден скок по кој незгодно падна. По натпреварот Компани истакна дека според него не станувало збор за нешто сериозно.
„Го заменив затоа што имавме добра предност и немаше потреба да ризикуваме. Мислам дека не е ништо сериозно, очекувам да биде на голот во сабота против Вердер“, изјави тренерот Компани.
На теренот на Ноер му се укажуваше помош откако незгодно падна по интервенција со глава далеку од својот гол.