Дома Останати Кошарка НБА Бројки од кои застанува здивот: Дончиќ е чудо!

Бројки од кои застанува здивот: Дончиќ е чудо!

Лука Дончиќ продолжува со одличнит енастапи во НБА. Во вчерашната победа на Далас над Чикаго од 118:110 постигна 38 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Секоја вечер младиот Словенец поставува нови рекорди. Така и во овој натпревар постави некои историски достигнувања. Иако се работи само за бројки, тие се неверојатни кога ќе се замислат.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Му беше ова 10. трипл-дабл со најмалку 30 поени. Толку коминирано имаа Леброн Џејмс (5), Оскар Робертсон (3) и Меџик Џонсон (2) пред нивниот 22. роденден. Дончиќ на 28. февруари ќе наполни 21 година.

Еден таков трипл-дабл оствари минатата сезоната, преостанатите девет ги оствари оваа сезона. Сите НБА играчи заедно оваа сезона имаат вкупно осум.

Му беше ова петти овосезонски трипл-дабл со најмалку 38 поени. Пред 21 роденден само Леброн остварил еден.

Ниту еден играч во историјата пред 22 роденден немал два натпревари во низа со трипл-дабл од најмалку 35 поени. Дончиќ тоа го направи веќе втор пат.

Натпреварот против Чикаго му беше четврти во низа на кој имал барем 30 поени, 10 скокови и 7 асистенции. Такви четири натпревари во историјата споиле само Оскар Робертсон, Вилт Чембрлејн, Елгин, Бајлор и Расел Вестбрук.

Најневеројатниот податок можеби е оној дека Дончиќ до сега остварил 19 трипл-дабл учиноци што е повеќе од сите играчи на Мемфис во 25 годишната историја на клубот, овој клуб до сега имал 1957 натпревари, Дончиќ само 104.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Кошаркарите на Денвер загубија од Кливленд со резултат 126:114, а српскиот кошаркар Никола…