Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд тргнува по ѕвездата на Атлетико

Борусија Дортмунд тргнува по ѕвездата на Атлетико

Борусија Дортмунд игра одлична сезона и се бори за титулата во Бундес лигата, но веќе размисува да го засили тимот за следаната сезона.

Германските медиуми пренесуваат дека „милионерите“ веќе работат на нови засилувања, а најнова мета е левиот бек на Атлетико Мадрид, Филипе Луиш.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На 33-годишниот Бразилец му завршува договорот на крајот на сезона и се поизвесно е дека ќе го напушти Атлетико како слободен агент. Раководството на Борусија веќе стапило во контант со неговиот агент и му понудиле договор.

Пред извесно време „Мундо Депортиво“ пренесе дека Барселона е заинтересирана за Филипе Луиш бидејќи во него гледа алтернатива за Жорди Алба на левата бековска позиција.

Меѓутоа, Борусија Дортмунд е силна конкуренција бидејќи му нуди двегодишен договор, со опција и за трета година, притоа му нуди и првотимски статус на Бразилецот.

Филипе Луис е во Атлетико Мадрид цели девет години, со исклучок на една сезона која ја помина во Челзи. Бразилецот премина на „Стенфорд Бриџ“, но не се снајде во Премиер лигата и веднаш се врати во тимот на „јорганџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…