Леонардо Бонучи пред неколку дена го направи она што никој не го очекуваше, а голем дел од навивачите на Јувентус и не го посакуваа – се врати во Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Колку Бонучи е пожелен во Торино покажува и сликата од моментот кога пристигнуваше во Торино, на аеродромот и во центарот за медицински прегледи го пречекаа само навивачите.
Бонучи по поптишувањето на договорот истакна дека Јувентус е негов дом и дека е срќен што се вратил, но навивачите на „старата дама“ сакаат извинување.
„Мораш да се извиниш за предавството кое ни го направи“, гласела една од пораките на навивачите на кои некогаш го сметаа искусниот стопер за свој миленик.
Јасно, „бјанконерите“ најмногу се разочарани од начинот на кој Бонучи го прослави погодокот постигнат против нивниот тим во минатата сезона.