Дома Фудбал Останато „Барселона го продаде Роналдињо за да не го изгуби Меси“

„Барселона го продаде Роналдињо за да не го изгуби Меси“

Белорускиот фудбалер Александар Хлеб во јавноста е познат по одличните игри во дресот на Арсенал, ни по тоа што беше член на Барселона.

Хлеб во Арсенал пристигна од Штудгарт во 2005 година и беше голем откритие на лондонскиот клуб. Поради добрите настапи Барселона го купи летото 2008 година, но овој играч не се наигра премногу во каталонскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговиот трансфер во Барселона беше големо изненадување, но на тоа инсистираше Пеп Гвардиола кој тогаш само што седна на клупата. Хлеб во Барса играше само на почетокот на сезоната, а потоа почна да ја „грее“ клупата.

Меѓутоа во таа сезона Барселона освои тројна круна предводена од Лионел Меси. Таа година сите беа скептични затоа што Барса тоа лето ја напушти Роналдињо кој беше најдобар играч на овој тим. Замина и Деко, а тоа се покажаа како паметни потези на раководството на клубот.

Сега во едно интервју Хлеб открива дека раководството на Барселона ги продало Деко и Роналдињо поради Меси.

„Барселона во 2008 година мораше да го продаде Роналдињо. Тогаш тие стравуваа дека поради него можат да го изгубат Меси. Роналдињо и Деко знаеа да дојдат на тренинг во алкохолизирана состојба и тоа беше знак дека нешто мора да се направи. На крајот клубот направи одличен потег“, изјави Хлеб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…