Баерн Минхен во дербито од 28-то коло во германската Бундес лигата на свој терен ја совлада Борусија Дортмунд со убедливи 5:0.
Кој знае како ќе се одвиваа работите на теренот ако Махмуд Далуд ја погодеше мрежата на Баерн, но за жал за навивачите на Борусија ја погоди стативата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само три минути подоцна Баерн поведе со 1:0, а стреле беше Матс Хумелс. Веќе во 17-тата минута беше 2:0, откако играчот на гостите Загаду направи катастрофална грешка и ја поклони топката на Левандовски кој го зголеми водството.
Во 41-та минута Хави Мартинез постигнува гол за 3:0, а само две минути подоцна Гнабри постигна нов гол и најави голема катастрофа за „милионерите“.
И во продолжени Баерн доминираше на теренот, но во второто полувреме мрежата Борусија ја погодија само еднаш. Стерелец на петиот гол за Баерн беше Левандовски.
Баерн така со оваа победа ја превзема лидерската позиција на табелата и сега има предност од 64 бода, додека Борусија Дортмунд има еден бод помалку, осносно 63.
Оваа победа на Баерн може да биде исклучително важна во трката за титулата во првенството. „Милионерите“ во еден момент од сезоната имаа одлична предност, но потоа следуваше резултатска криза која Баварците знаеа да ја искористат и да ја намалат разликата, а од денес и да ја превземат првата позиција.