Дома Фудбал Останато Ајакс го избрка директорот по дебаклот во дербито

Ајакс го избрка директорот по дебаклот во дербито

Холандскиот гигант Ајакс имаше ужасен старт на сезоната, а лошата ситуација кулминираше во вчерашното дерби против Феенорд.

Ајакс во првото полувреме имаше негатива од 0:3 за бесните навивачи во тие моменти да почнат да фрлаат факели на теренот и да го прекинат дербито.

За Ајакс тоа беше првпат во неговата историја да прими три гола во едно полувреме од големиот ривал.

Дека алармот во Амстердам е вклучен покажува и потегот на раководството по мечот. Имено отказ доби директорот Свен Мислинтат кој на функцијата пристигна ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ја одби понудата на Манчестер Сити за Гакпо.

Раководството на Ливерпул ја одбило понудата на Манчестер Сити за холандското крило Коди Г…