Сагата околу трансферот на Жоао Феликс продолжува и тој ќе биде главна тема во зимскиот преоден рок.
Откако извршниот директор на Атлетико, Анхел хил Марин призна дека имало конгфликт помеѓу Феликс и тренерот Симеоне, јасно е дека Португалецот ќе го напушти клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Феликс и самиот побарал трансфер, а веќе почнаа шпекулациите за неговата следна дестинација.
Атлетико се надева дека ќе ја врати сумата од 126 милиони евра која ја плати на Бенфика во 2019 година за да го доведе Феликс.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико го понудил Португалецот на Челзи, меѓутоа Феликс преферира преселба во ПСЖ.