Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид завршува одлично засилување

Атлетико Мадрид завршува одлично засилување

Мадридски Атлетико оваа сезона е главен фаворит за титулата во шпанска Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Диего Симеоне игра фантастично. Први се на табелата со два натпревари помалку од конкуренцијата, а во остатокот од сезона ќе влезат уште посилни.

Нов играч на шпанскиот великан наскоро треба да биде напаѓачот на Лион, Муса Дембеле. Преговорите за негов трансфер се блиску до реализација и се треба да завршено многу брзо.

Дембеле во Атлетико ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната, а Јорганџиите ќе имаат опција за откуп на неговиот договор по крајот на сезоната.

Овој 24-годишен играч постигна еден погодок на 16 натпревари за Лион. Веројатно ќе ја има улогата на замена за Луис Суарез, а моментално поради повреда е надвор од терените до февруари.

Дембеле претходно играше за Фулам и Селтик, а член на Лион е од 2018. година и постигна 45 погодоци на 105 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…