Дома Македонски спорт Аријан Адеми се враќа во Европа?

Аријан Адеми се враќа во Европа?

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми би можел наскоро да се врати во Европа бидејќи интерес за него покажал Трабзонспор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите на турските медиуми, Трабзонспор започнал преговори со Пекинг Гуан за позајмица на македонскиот репрезентативец. Засега нема најави каков би бил исходот на преговорите.

Сепак, турските медиуми истакнуваат дека Трабзон по секоја цена сака да се засили со искусен играч за врска кој ќе помага и во одбраната. Покрај Адеми во игра се уште неколку имиња, но нашиот фудбалер е прва мета поради хрватскиот стратег Ненад Бјелица.

Бјелица добро го познава Адеми бидејќи со него соработуваше во Динамо Загреб, па сега сака да го има и во турскиот тим.

Трабзонспор преговараше за доведување на Адеми и кога го напушташе Динамо, но тогаш ја загубија битката со кинескиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…