Во Турција се уште eдна од главните теми се сцените за време и по натпреварот помеѓу Трабзонспор и Фенербахче.
Трабзонспор објави видео со моментите со кои сака да покаже дека фудбалерите на Фенербахче предизвикале нереди на крајот од натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во целиот хаос најлошо помина хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ кој беше удрен од зад грб со предмет кој излетал од трибините, а потоа на патот до соблекувалната бил нападнат и од еден од многуте хулигани на теренот.
На теренот дојде до тепачка помеѓу навивачите и играчите на Фенербахче, а Трабзонспор сега се огласи со видео и порака во која ги обвинуваат фудбалерите на противничкиот тим.
„Мислевме дека сте фудбалери, а вие сте провокатори“, се наведува во видеото од изолираните ситуации со и по натпреварот.
Фенербахче најави дека на 2 април ќе одржи вонредна седница на клупското собрание на која ќе се разговара за понатамошните активности по настаните во Трабзон, а не е исклучено и повлекување на првиот тим од лигата (ТУКА).