Дома Трансфер зона Англиските гиганти се „тепаат“ за „новиот Погба“

Англиските гиганти се „тепаат“ за „новиот Погба“

Клубовите од Премиер лигата покажуваат силен интерес за младата ѕвезда на Лил, Бубакари Сумаре.

Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Арсенал, Реал Мадрид и Милан исто така го следат фудбалерот, но Јунајтед, Ливерпул и Челзи се најконкретни и веќе работат на трансферот.

Јирген Клоп сака по секоја цена да го донесе 21-годишниот играч за врска на „Ефилд“ бидејќи во него гледа идеална замена за Кеита, кој е на излезна врата.

Француските медиуми тврдат дека Лил е спремен да го продаде и да ги слушне понудите на заинтересираните клубови, а неговата цена на трансфер пазарот изнесува 35 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…