Дома Македонски спорт Алиоски: Убаво ми е Премиер лигата, играм против најдобрите во Европа

Алиоски: Убаво ми е Премиер лигата, играм против најдобрите во Европа

Репрезнтативецот на Македонија, Езгјан Алиоски влезе во последните шест месеци од договорот со тимот на Лидс.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во островските медиуми се најавуваше дека договорот на Алиоски ќе биде продолжен, но тоа засега официјално не е направено и поради тоа се појавуваат шпекулации поврзани за неговата иднина. Последните денови актуелни се информациите дека преговара со турскиот гигант Галатасарај.

После таквите гласини Алиоски за „Би-Би-Си“ не ги коментираше директно ваквите шпекулации, но истакна дека е задоволен од својот престој во Лидс и можноста да игра против најдобрите играчи во светот.

„Убаво ми е тука, стилот на игра кој го имаме мене ми се допаѓа. Секој ден учам по нешто ново и најдоброто од се е што во Премиер лигата играте против најдобрите играчи во Европа. Навистина е посебно да се надигрувате со нив и да им покажете колку знаете“, изјави Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…