Атлетскиот клуб Делта од Скопје втора година по ред е победник во екипна конкуренција на Купот на Македонија за сениори кој изминатиот викенд под специјален протокол и почитување на мерките за справување со Ковид-19 се одржа на националната арена „Тодор Проески“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
АК Делта до првото место стигна со вкупно освоени 125 поени, пред АК Работнички со 84 поени, и АК Охрид со освоени 56,5 поени.
Во машка конкуренција, исто така најуспешен беше АК Делта (83п) пред АК Куманово (29,5п) и АК Работнички (29п), додека пак кај девојките триумфираше АК Работнички (55п), пред АК Делта (42п) и АК Куманово (27п).
КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД СЕНИОРСКИОТ АТЛЕТСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.