Дома Најава Џенова – Сампдорија (Дерби дела Лантерна) – најголемо дерби во Италија

Џенова – Сампдорија (Дерби дела Лантерна) – најголемо дерби во Италија

Многумина ги сметаат дерби дуелите помеѓу Интер и Милан, односно Рома и Лацио за најголеми во Италија, но грешат. Џенова и Сампдорија ( Дерби дела Лантерна )се екипите со најголемо ривалство во оваа земја. Дерби со голема историја и големо ривалство, како на теренот така и на трибините. Најстаро дерби, во кое игра најстариот клуб во Италија. Дерби кога градот буквално е поделен на два блока.

Искрено, двете екипи се просечни за Серија А, но нивниот ривалитет е надалеку познат и токму затоа овој меч привлекува внимание многу повеќе од останатите дербија. Затоа што освен според квалитетот, овој дуел е дерби во секој друг поглед. Дерби дела Лантерна ( “Дерби на фенерот” ), е локалното дерби кое се игра на стадионот Луиџи Ферарис, кој го делат двата клуба. Името на дербито е дадено според главниот светилник за пристаништето на градот. Ривалството е поткрепено со фактот дека Џенова има долга историја (најстариот фудбалски клуб во Италија), додека Сампдорија е најстариот континуиран клуб во земјата. Дефинитивно дерби дуелот помеѓу Интер и Милан е многу поинтересен за следење од фудбалска перспектива и поради квалитетот на екипите во овој момент. Но не било така одсекогаш.

Во 1992 година, навивачката група на Џенова Курва Норд го обелодени банерот со едноставна порака: Ние сме Џенова. Во соопштението во кое се осудуваа ривалите Сампдорија во Дерби Дела Лантерна, се потсмеваа нивните противници и се повтори фактот дека Џенова е најстариот тим во Италија и тим со најголема историја.

Ние сме Џенова

За споредба, Сампдорија е формирана во 1946 година, по спојувањето на два спортски клубови, Сампдерадарце и Андреа Дорија. Дербито е старо повеќе од 70 години. Двата тима меѓусебе играле можеби многу повеќе од останатите дербија во Серија А и наскоро би можело да стане поважно од она на нивните римски и милански колеги.

Како што напиша познатиот новинар Марко Лигуори: “Ако зборувате со трофеи во Италија, тимовите кои станаа легендарни се Јувентус, Интер и Милан, но ако зборувате за фантазија, ривалство и дерби во секој поглед тоа е Дерби дела Лантерна. Марчело Липи (поранешен играч во Сампдорија) дури и го нарече ова дерби “Најспецијален меч во Италија“, и со добра причина.

Без оглед на тоа колку се квалитетни двата тима во моментов, нивните обожаватели го претвораат дербито на еднакво ниво на Дерби Дела Мадонина или на Дерби Дела Капитал. Ривалството еволуираше откако Сампдорија почна да постои во повоениот период во 1946 година. Тогаш, Џенова се сметаше за голем клуб, освојувајќи 9 титули во Серија А.

Комплексот на супериорност се распадна две години подоцна, кога новиот тим во градот Сампдорија ја порази Џенова со 5:1. Тој пораз дури доведе и до големи протести во градот. Ривалството кулминираше, градот беше поделен, а подоцна тоа стана столб на италијанскиот фудбал.

Сампдорија

Иако успесите на двата тима секогаш се во различни периоди, ривалството воопшто не се намали низ годините, Дербито секогаш било напнато, атрактивно, со многу емоции и со борба, како на теренот така и на трибибите, при што двете навивачки групи секогаш ги бодрад своите тимови со неверојатни кореографии и пиротехника.

Во 2011 година, навивачите на Џенова го обелоденија знамето: “Градот не ја сака Сампдорија … тимот да ја напушти Џенова сега!“. Зборовите беа украсени на повеќе слики на стариот град, крстот на Свети Георгиј, па дури и и со крстоносци кои пловат кон Светата Земја тргнувајќи од Џенова. Со тоа беше нагласено богатото наследство на клубот, нејзината поврзаност со градот, нејзината историја.

Тоа е фанатизам кој ја дели Џенова од дербијата во Милано и Рим. Иако Сампдорија го имаше најдобриот период во почетокот на 1990-тите – освојувајќи ја титулата во Серија А, кога стигна до финалето на Европскиот куп – тие останаа просечен тим, додека најдобрите години на Џенова се пред постоењето на Сампдорија и едвај се паметат од некого.

Се на се, за разлика од другите големи дербија во Италија, Дерби дела Лантерна не се смени со децении. Натпреварите помеѓу Џенова и Сампдорија се посебна приказна, бидејќи не се промениле без разлика како клубовите растеле и се менувале.

Тие едноставно го бараат одговорот на истото прашање: Кој е сопственик на Џенова?

Остатокот од анализата прочитајте го на kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Шкендија одигра најдобро кога најмногу требаше, пукна „петарда“ во мрежата на „лавовите“

Денес се одиграа натпреварите од 14. коло во ПМФ, а за издвојување е високата победа на Шк…