Дома Останати Кошарка Јокиќ повторно доминираше, Денвер победи

Јокиќ повторно доминираше, Денвер победи

Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл без игра во четвртата четвртина, а неговиот Денвер Нагетс го совлада Орландо 113:100.

Доминантниот српски центар за само 30 одиграни минути оствари учинок од 20 поени, 14 скока и 10 асистенции, а додаде и три блокади и три украдени топки.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


За Јокиќ ова беше 18-ти трипл-дабл оваа сезона и 12-ти пред четвртата четвртина од натпреварот. Во кариерата има постигнато 165, што го става на третото место на листата на играчи со најмногу тројно-двоцифрен учинок. Повеќе постигнале само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (202).

Трикратниот МВП на НБА сезонава има просек од 30,1 поен, 13,2 скока и 9,9 асистенции, што се негови најдобри комбинирани бројки во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Генијалец: Погледнете како Шортс го седна на земја противникот (Видео)

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс вчера имаше уште еден блескав настап во кој …