Дома Трансфер зона Јуве десеткуван во одбраната, доаѓа засилување од Челзи

Јуве десеткуван во одбраната, доаѓа засилување од Челзи


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Актуелниот шампион и лидер во Серија А во наредните да до три месеци ќе биде без двајца важни играчи од одбраната, Леонардо Бонучи и Дани Алвеш.

Двајцата се повредија на првенствениот дуел против Џенова. Дани Алвеш има прелом на метаторзалната коска и ќе паузира околу 3 месеци, додека Бонучи има повреда на бутниот мускул и ќе биде надвор од терените цели 2 месеци.

Поради тоа „старата дама“ ќе мра да биде активна во зимскиот преоден рок и да донесе нивна замена, а италијанските медиуми тврдат дека прва трансфер цел е Бранислав Ивановиќ од Челзи.

Ивановиќ оваа сезона падна во втор план кај Антонио Конте, а со оглед на фактот дека неговиот договор завршува на крајот на сезоната „бјанконерите“ можат да го купат за симболична сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул тргнува по Жил Кунде

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Англискиот гигант Ливерпул е силно заинтересиран за…