Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.




Фабиан Руиз влезе во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.




За него интерес покажуваат Арсенал и Манчестер Сити, но сега во трката се приклучи и Јувентус.
Наполи за неговата слобода бара 30 милиони евра, но преферира да го продаде надвор од Серија А.