Дома Трансфер зона Јувентус и Дибала повторно седнуваат на преговарачка маса

Јувентус и Дибала повторно седнуваат на преговарачка маса

Преговорите за продолжување на договорот на Пауло Дибала со Јувентус ќе продолжат следниот месец, пренесува „Тутоспорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на 27-годишниот Аргентинец истекува во јуни 2022 година, а „бјанконерите“ сакаат долгорочно да го задржат.

Двете страни подолго време преговараа и не можеа да најдат заеднички јазик околу финансиските детали, па преговорите се ставени во „мирување“.

Ако Дибала не стави потпис на нов договор до завршување на сезоната, тогаш сигурно ќе биде ставен на трансфер листа на лето.

Јувентус му предлага на Дибала договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона, што е за 2,5 милиони повеќе од актуелната плата.

Интерес за Дибала покажуваат Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…